Производството на вино во Франција годинава на најниско ниво во историјата

1 min read

Франција годинава ќе произведе најмалку вино откако започна со објавување податоци, а тоа се должи на мразот и болестите што ги опустошија лозјата, соопшти денеска Министерството за земјоделство.

Производството оваа година ќе биде 29 проценти помало отколку во 2020 година и ќе достигне 33,3 милиони хектолитри. Во споредба со просекот во изминатите пет години, ќе биде пониско за една четвртина.

„Пролетните мразови намалија добар дел од производството и тоа ќе биде најниско во историјата, послабо отколку во 1991 и 2017 година”, се вели во соопштението на Министерството.

Производството, исто така, страдаше од силни пролетни мразови во тие две години. Годинешните загуби ќе се продлабочат со појавата на болести на виновата лоза, посочуваат од Министерството. Во август, министерството процени дека производството на вино годинава ќе падне од 24 до 30 проценти, на 32,6 до 35,6 милиони хектолитри.

извор МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приврзаниците на Ѓукановиќ не се откажуваат да воспостават контрола врз манастирот во Цетиње

Следно

Грција ќе остане отворена за туристите од САД до крајот на сезоната

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian