Приврзаниците на Ѓукановиќ не се откажуваат да воспостават контрола врз манастирот во Цетиње

2 mins read

 

Собранието на Цетиње расправа за доделување на манастирот Цетиње на самопрогласениот поглавар на не призаената Црногорската црква предводена од расчинетиот Митрополит Михајло, пренесуваат српските медиуми

Тие тврдат дека на социјалните мрежи кружи фотографија од дневниот ред на 29-та седница на Собранието на главниот град Цетиње, каде, меѓу другото, се наведува дека постои граѓанската иницијатива за враќање на манастирот Цетиње во неканонската непризната секта на Црногорската православна црквана расчинетиот Мираш Дедеиќ.

Во документот што кружи по социјалните мрежи, се наведува дека ова ќе биде втора точка на дневниот ред на седницата на Собранието на главниот град, што е закажана за 14 септември 2021 година.
Дел од српските медиуми констатираат дека со овој потег, Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ не сака да се откаже од намерата за дестабилизација на Црна Гора.

„Свесни дека Мираш Дедеиќ и неговата непризнанеа црковна заедница  никогаш нема да бидат признати како легитимна и канонска верска заедница, тие се обидуваат насилно да го преземат манастирот Цетиње“ наведува српскиот портал „ Србија Данас“.

Порталот потсеќа дека манастирот Цетиње е седиште на Црногорско-Приморската митрополија на Српска Православна Црква, која, како што се потенцира, е единствената легитимна канонска автокефална православна заедница во Црна Гора.

Во 2005 година, манастирот е катастарски регистриран како сопственост на општина Цетиње, но Уставниот суд ја поништи таа одлука.

Сите овие години, општината беше должна да го пренесе манастирот во Црна Гора на Српската православна црква, но тие никогаш не го направија тоа, наведува овој српски медиум.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ова е програмата за прославата на Денот на независноста – 8 Септември

Следно

Производството на вино во Франција годинава на најниско ниво во историјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian