Приведен тетовец, осуден на затворска казна поради непочитување на протоколите

1 min read

 Жител на Тетово е приведен за да биде однесен во затвор како осуден за кривичното дело „непостапување според здравствени прописи во време на епидемија”. Тој вчера во градот бил приведен за издржување на затворската казна.

-Околу 12 часот, на улица „Маршал Тито” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 50-годишниот тетовец С.Ј., осуден на затворска казна за „непостапување според здравствени прописи за време на пандемија”, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово

По кусото задржување во Полициската станица Тетово, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа  Затвор „Тетово” за издржување на казната.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МОН: Преку е-дневник родителите ќе добиваат неделни извештаи за активностите на нивните деца на училиште

Следно

Продолжува потерата по избеганите палестински затвореници во Израел

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian