Македонските пожарникари цела ноќ го гаснеа пожарот кај Мршевци, кој синоќа се прошири низ целото село.
Извори на „Слободен печат“ од противпожарните служби тврдат дека пожарникарите чекаат нови наредби и дека во моментот работат на целосно гаснење на пожарот. Нови информации околу настанувањето на пожарот засега нема.
Пожарот вчера избувна во попладневните часови и брзо се рашири кон соседното село Дељадровце. Од противпожарните служби тврдат дека се работи за запалена сува трева на непристапен терен, но не е зафатено и шумското подрачје во моментов.
ВИДЕО: Цело Мршевци е на нозе во борба со шумскиот пожар, утре наутро ќе гасне и армиски хеликоптер
Пожарот кај Бучинци се ближи кон куќите, а никој не го гасне, алармираат жителите