Пет години затвор за човек што заразил 8 луѓе со ковид

1 min read

Ле Ван Три (28) беше осуден за „ширење опасна заразна болест“ на еднодневен суд пред Народниот суд во јужната провинција Ка Мау, прекршил 21-дневен карантин

Судот во Виетнам осуди маж, кој го пренел коронавирусот на други, на пет години затвор, прекршувајќи ги строгите мерки за карантин, објавија државните медиуми.

Ле Ван Три (28) е осуден за „ширење опасна заразна болест“ на еднодневниот судски процес пред Народниот суд во јужната провинција Ка Мау, според виетнамската новинска агенција, а пренесува Танјуг.

Агенцијата наведе дека Три патувал назад во Ка Му од градот Хо Ши Мин, со што го прекршил правилото за карантин од 21 ден.

Тој зарази осум лица, од кои едно почина како последица на инфекцијата по еден месец лекување, пренесува Ројтерс.

Виетнам е една од земјите што успешно се бореа со коронавирусот за време на пандемијата благодарение на целно масовно тестирање, интензивно следење на контактите, строги ограничувања на границата и карантин, но новите жаришта доведоа до зголемување на нови случаи од крајот на април.

Ка Мау, провинција во јужен Виетнам, има пријавено 191 случаи и два смртни случаи од почетокот на пандемијата, додека во градот Хо Ши Мин, кој е еден од најголемите жаришта во земјата, заразени се скоро 260.000 луѓе, додека 10.685 умреле.

Виетнам во моментов се соочува со големо ширење на вирусот, и од вкупно 536,000 случаи и 13,385 смртни случаи, огромното мнозинство е забележано во изминатите неколку месеци.

 

Извор: Ројтерс

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Од 8 до 14 септември ќе се одржува Саемот на книгата

Следно

100 години од раѓањето на Блаже Конески во Кинотека: Кратки документарни филмови и откривање на мурал во чест на великанот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian