Пендаровски: Имунизацијата е клучен фактор за излезот од кризата

3 mins read

Претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на првиот „Скопје економски и финансиски форум” на тема „Економско заздравување и раст по Ковид”, организирана од Министерството за финансии изјави дека глобалната економија се уште е многу фрагилна, а предизвиците се големи. Според него, за разлика од лани, општата економска прогноза е подобрена, иако, закрепнувањето, според очекувањата се одвива бавно, а Пендаровски смета дека имунизацијата е клучниот фактор за излез од кризата и оти не смее да се дозволи забавена динамика и нерамномерна дистрибуција на вакцините.

„Несомнено имунизацијата е клучниот фактор за излез од кризата и во тој процес не смее да се дозволи забавена динамика и нерамномерна дистрибуција на вакцините. Верувам дека токму во пост ковид периодот ќе имаме сет на политички и економски мерки кои ќе поттикнат продукција на нови, свежи концепти на тој план, рече претседателот Пендаровски.

Пендаровски посочи дека за оваа тема во целиот свет се дебатира интензивно и темелно и порача дека е најважно сите дискусии да бидат водени врз база на реални податоци, со цел, креаторите на економските политики да предложат решенија. Зборувајќи за светските економии, шефот на државата рече дека забележаа огромни падови на своите бруто национални производи, берзански шокови и загуби во речиси сите индустрински гранки, потенцирајќи дека сите земји во светот се уште се борат да го заштитат здравјето на своите граѓани, но и да ги неутрализирааат штетните економски последици.

Осврнувајќи се на нашата економија за која рече дека не е исклучок од светските трендови, Пендаровски посочи на донесените мерки, чија цел беше да се минимизираат загубите во економијата и да им се помогне на најзагрозените сектори.

„Јасно е дека загубите се огромни и ќе треба време за опоравување на македонското стопанство, кое и пред пандемијата не беше во завидна состојба. Но, она што е значајно е дека веќе имаме доволно информации и анализи за да процениме кои одлуки биле погрешни и не треба да се повторуваат, а кои продуцирале позитивни ефекти“ оцени претседателот Пендаровски.

Според него, нашето членство во НАТО, освен безбедносната компонента, на среден и на долг рок се очекува да резултира и со поголема економска стабилност и предвидливост, како и нови перспективи во инвестиционата сфера. Претседателот порача дека патот кон полноправно членство во ЕУ е приоритет затоа што за европските вредности и за принципите на кои почива заедничкиот европски пазар, за нас, не постои подобра алтернатива.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вакцинацијата сè уште не е доволна за да се спречи епидемијата на Ковид-19 во Франција

Следно

Клубот на Елмас го доживеа едно од најголемите понижувања, а в сабота игра со Јуве

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian