Пех за Романците, еден од најдобрите играчи е позитивен на коронавирус

1 min read

Селекторот на Романија, Мирел Радои се соочува со големи проблеми пред утрешниот натпревар против Македонија на Националната арена „Тодор Проески“.

Денеска е потврдено дека еден од најдобрите романски репрезентативци Јанис Хаџи е позитивен на коронавирус.

Синот на легендата на романскиот фудбал Георге Хаџи, Јанис по пристигнувањето во Скопје се пожалил на главоболка по што веднаш му бил направен тест на коронавирус, а резултатот е позитивен.

Радои на вечерашниот тренинг нема да може да смета ниту на Разван Марин, Александру Цицалдау и Драгош Неделку кои ги чекаат резултатите од ПЦР тестот бидејќи имале контакт со Хаџи.

Со позитивниот тест на Хаџи дополнително се зголемуваат главоболките на романскиот селектор Радои бидејќи од претходно нема да може да смета и на Алибек, Драгуш, Танасе и Ротариу.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нуредини во Липково на поставувањето таложникот во филтер станица за водоснабдување

Следно

Романците очекуваат тежок натпревар: Пандев ќе ви недостасува, со новиот селектор Македонија игра побрзо

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian