Ова е програмата за прославата на Денот на независноста – 8 Септември

2 mins read

Од Владата на Република Северна Македонија известуваат дека утре, 8 септември 2021 година (среда), по повод 30 годишнината од независноста на нашата држава ќе се одржат серија манифестации по следниов редослед:

1. Од 8.00 часот по повод 8 Септември – Денот на независноста премиерот Зоран Заев на гробиштата „Бутел“ на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Борис Трајковски и Киро Глигоров ќе положи цвеќе и ќе оддаде почит.

Присутни на настанот ќе бидат и Артан Груби, прв заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Љупчо Николовски, заменик-претседател на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции и Мила Царовска, министерка за образование и наука. Ќе бидат присутни и многу други делегации, амбасади и политички партии.

2. Од 12.00 – премиерот Зоран Заев ќе присуствува на свеченост по повод доделување Орден „8 Септември“ на Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско Собрание, и на пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година. (Кабинет на Претседателот на Република Северна Македонија).

3. Од 17.00 часот – Централна манифестација пред Собранието на Република Северна Македонија, чие сценарио заедно со поканата за присуство на граѓаните (кои треба да се регистрираат во електронскиот формулар) се наоѓаат на следниов линк: https://vlada.mk/node/26432

Дополнително Ве известуваме дека пренос во живо од настаните ќе има на Националната телевизија како и на каналите на социјалните мрежи на Владата на Република Северна Македонија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гвардиола сакал да го избрка Пике од Барселона кога фудбалерот ја започна врската со Шакира

Следно

Приврзаниците на Ѓукановиќ не се откажуваат да воспостават контрола врз манастирот во Цетиње

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian