Од 8 до 14 септември ќе се одржува Саемот на книгата

1 min read

На отворениот простор на „А1 арена“, Спортски центар „Борис Трајковски“, утре (8 септември) започнува традиционалната манифестација „Саем на книгата“.

На Саемот, кој ќе трае до 14 септември, годинава ќе се претстават 60 издавачки куќи.

Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца.

Работното време на Саемот е од 10 до 20 часот, а на 14 септември од 10 до 17 часот. Билетите ќе може да се набават онлајн и на билетарниците пред влезот на Саемот. Саемот на книгата е поддржан од Министерството за култура и од Град Скопје.

http://kultura.gov.mk/

Претходно

Пожарникарите цела ноќ се бореа со пожарот во Мршевци

Следно

Пет години затвор за човек што заразил 8 луѓе со ковид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian