Обвинителство на БиХ: Поднесено обвинение за финансирање терористички активности

1 min read

Обвинителите во Босна и Херцеговина денеска ја обвинија 61-годишната Сена Хамзабеговиќ  за финансирање на терористичката група Исламска држава со околу 120 илјади евра, при што и лично им носела пари за борците во Сирија.

Таа обезбедила финансиска помош за државјани на БиХ кои заминале да војуваат во Сирија и Ирак во редовите на исламистичките терористи, соопштија обвинителите.

Истрагата утврди дека од 2013 до 2018 година, таа уплаќала преку банка и лично носела пари во Сирија, каде што ги предалвала на нејзиниот сопруг Мурадиф Хамзабеговиќ, кој ги искористил овие средства за да им плати на припадниците на ИД со потекло од БиХ и да им купи оружје.

Станува збор за лица кои се бореле за организациите на Џабет ал Нусра и фронтот Ал Нусра поврзани со Исламската држава. Тие учествуваа во вооружени терористички акции, напади врз населението, убиства и незаконски приведувања.

Хамзабеговиќ, која има и швајцарско државјанство, беше уапсена во мај на аеродромот во Тузла и е во притвор

www.slobodenpecat.mk

Претходно

682 нови случаи на ковид-19, пријавени се 32 починати лица

Следно

Пендаровски до Бајден: Нашето партнерство ќе продолжи да им користи на нашите народи во годините што доаѓаат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian