Талибанците го назначија Сираџудин Хакани за министер за полиција на привремената влада во Авганистан,
Хакани е назначен за овој важен бебзедносен секотр во време кога американскиот ФБИ го бара и нуди награда од пет милиони долари за информации кои би довеле до негово апсење.
Хакани е висок функционер на талибанското движење, а воедно и водач на организацијата која беше прогласена за терорист во САД – мрежата Хакани, објави Јерусалим пост.
Веб -страницата на ФБИ нуди 5 милиони долари за информации за него и користи цртежи кои покажуваат како може да изгледа.
Со етикетата „најбарани“, веб -страницата на ФБИ додава дека е означена како глобален терорист и дека се смета за вооружена и опасна.