Бајката на Лејла Фернандез на УС Опен продолжува откако младата канадска тенисерка се пласира во полуфиналето по драматичната победа над Елина Свитолина со 6:3,3:6,7:6.
Фернандез која вчера наполни 19 години за прв во својата кариера ќе игра во полуфиналето на грен слем турнир, адоказ дека местото меѓу најдобрите четири на УС Опен не е незаслужено се и победите над две грен шампионки, Наоми Осака и Анџелик Кербер.
Првиот сет беше решен со еден брејк, Фернандез го одзеде сервисот на Свитолина во шестиот гем и потоа со сигурна игра на свој сервис ја задржа предноста и дојде до водство од 1:0 во сетови.
Во вториот сет, Свитолина доминираше, направи два брејка и поведе со 1:5, но кога требаше да го обезбеди сетот, таа почна да грешки. Фернандез успеа да врати еден брејк и намали на 3:5, потоа во деветтиот гем кога Свитолина сервираше за сет имаше и брејк топки. Но, Украинката успеа да се извлече и да го однесе мечот во третиот одлучувачки сет.
Во него изгледаше дека се ќе биде решено на почетокот кога беа направени три брејка во серија, два направи Фернандез по што поведе со 5:2. Но, Свитолина не се предаде, го освои гемот на свој сервис, а потоа дојде и до брејк и ја врати неизвесноста во одлучувачкиот сет кој беше решен во тај-брејкот. Во него, Фернандез поведе со 4:1, потоа имаше и 5:4, а на 6:5 ја искористи првата меч топка и се пласира во полуфиналето.
Фернандез во полуфиналето ќе се сретне со подобрата од дуелот Барбора Крејчикова – Арина Сабаленка