На денешната владина седница беше донесена нова одлука со која се дефинира и регулира користењето на службените возила во сопственост или користење на државата.
– Со новата владина одлука, секое користење мора да биде одобрено, оправдано и наменско. Нема одење дома со истото или пак возење и паркирање за лични потреби вон работа. Сè ќе биде транспарентно и сè ќе се почитува.
Продолжуваме да работиме во правец на кратење на непотребните бенефиции на функционерите, како што претходно тоа го направивме со ограничувањето на угостителските услуги, како и надоместоците на членовите на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија ширум земјата, стои во најновата објава на Љупчо Николовски, заменик претседателот на Владата за борба против корупција, човечки ресурси и одржлив развој.