Не се само политичарите виновни за корупцијата, вели Ахмети

1 min read

„Против корупцијата треба да се бориме заеднички, а вината да не им се префрла само на политичарите,“ порача денеска претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Зборувајќи за време на надзорот на работите на изградба на локален пат во скопското село Бојане, Ахмети рече дека корупција има и во понапредните земји, но како што додаде, таму против неа се борат сите учесници во општеството.

„Борбата против криминалот, корупцијата и сличните појави постојано мора да се води, постојано да се работи и тука мора да бидеме сите заедно, граѓанското општество, медиумите, бидејќи и во напредните земји имате корупција, но организацијата и мобилизацијата се многу повисоки отколку во нашата земја. Во постојана комуникација се медиумите, граѓанското општество и против сѐ што е лошо, сѐ што е неубаво мора да се бориме заеднички. Одговорноста не треба да им се префрла само на политичките власти“ рече лидерот на ДУИ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицкоски: Мафијата не била само во МВР, туку е распространета и во македонската дипломатија

Следно

Куман сепак не е сигурен на клупата на Барселона, познато е кој ќе биде негов наследник

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian