МЗ: Формирани две нови комисии за туѓа нега

1 min read

Министерството за здравство денеска сооопшти дека се формирани две нови комисии за туѓа нега  (Комисија за издавање на конзилијарно мислење за корисниците на правото за надоместок за помош и нега од друго лице и надоместок за попреченост) за прв пат во земјата, за граѓаните на Прилеп и Гевгелија и регионот.

Покрај досега постоечките комисии, новоформираните ќе одговараат на потребите на пациентите од овие два града, како и околните општини.

Покрај во Прилеп, комиисјата за издавање конзилијарно мислење и наод, ќе ги покрива и општините Крушево, Македонски Брод, Долнени и Кривогаштани, Комисијата во Гевгелија освен оваа општина ќе ги опфати и општините Богданци, Валандово и Дојран, информираат од Министерството.

Со формирањето на двете нови комисии за овие места ќе се намали периодот на чекање на граѓаните кои треба да го остварат правото на надоместок за помош и нега од друго лице. Сега граѓаните нема да треба да патуваат и нема да се изложуваат на дополнителни трошоци за одење во друго место, далеку од градот во кој живеат.

Министерството за здравство во изминатиот период ги зголеми термините за разгледување на медицинската документација за секоја од стручните комисии од 200 на 280 барања месечно. Со новите комисии и зголемување на термините ќе бидат задоволени потребите и навреме ќе бидат разгледани сите поднесени барања на граѓаните, стои во соопштението.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајден заминува за Њујорк да ги види штетите од ураганот Ида

Следно

ФИФА ќе бара нови решенија по скандалот меѓу Бразил и Аргентина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian