МЗ: 14 илјади вакцинирани за 24 часа

1 min read

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 747.225 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.621 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.159 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.332.658 дози вакцини, а ревакцинирани се 579.358 граѓани.   

  Со последните бројки 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Селекторот на атлетичарите е новиот кондициски тренер на МЗТ Скопје

Следно

Веселин Вујовиќ со порака до верните навивачи на Вардар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian