Милевски: Не мислам дека ќе се одлучува со Романија за нашето место во групата

2 mins read

Македонската А репрезентација се подготвува за својот шести квалификациски натпревар за пласман на СП 2022 против селекцијата на Романија кој ќе се одигра в среда (8 септември) во Скопје со почеток од 20.45 часот.

Селекторот на сениорската селекција, Благоја Милевски на прес конференција ги сподели своите очекувања за дуелот со Романците од кои загубивме на стартот од квалификацискиот циклус со 3:2 во Букурешт годинава.

– Романија е многу сериозна репрезентација. Имаат квалитетни индивидуалци и доаѓаат во добар момент за нив. Но, ние сме сконцентрирани на нашата игра и како треба да изгледаме на терен. Ова ќе биде сосема поинаков натпревар од тој во Букурешт. Не мислам дека е одлучувачки за нашето место во квалификациската група. Се надевам дека до крајот ќе бидеме во игра за второто место.

Фудбалерите се мотивирани и подготвени за надигрување. Јас сум задоволен од начинот на кој ги одигравме двата натпревевари. Со само два-три тренинзи сите тактички задолженија ги одработија на одличен начин и ова е правецот кон кој треба да се движиме и во иднина.

Единствениот проблем со Исланд беше нашиот психолошки момент, но работиме и на тој аспект.  Сè друго, технички-тактички беше на високо ниво и со многу дисциплина. Фудбалерите сега имаат поинаков начин на работа и задолженија, ги прифатија на најдобар начин и им оддавам признание за тоа.

Натпреварот со Романија ќе биде исто така во висок ритам, напорно е да се издржат три натпревари во краток период, но јас сум убеден дека момците ќе дадат максимум и ќе бидеме подготвени за утрешниот меч. Важно е дека сите се здрави и сите конкурираат за место во тимот. Се надевам дека така ќе биде и по официјалниот тренинг – вели Милевски.

За Романците е невозможно е да се игра на теренот во Скопје

www.slobodenpecat.mk

Претходно

За 48 часа попишани се 136.773 лица

Следно

Бугарија од денеска ги заострува мерките за работа на рестораните, а ноќните клубови се затвораат поради Ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian