Мицкоски: Мафијата не била само во МВР, туку е распространета и во македонската дипломатија

1 min read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешната изјава во пресрет на настанот за Промоција на кандидатот на градоначалник на општина Гази Баба, во врска со скандалот со македонските дипломати, истакна дека мафијата не била само во МВР туку е распространета и во македонската дипломатија, a оваа власт продолжува да ја гуши и срами државата.

– Кога на почетокот ја обелоденивме оваа афера со лажните пасоши, со пасоши кои се даваат на балкански нарко-босови, тогаш од страна на власта бев обвинет дека сум саботирал акција која била во тек, сега видовме дека мафијата не е само во МВР, туку мафијата своите пипци ги пуштија и во дипломатијата, затоа имаме случај каде по дипломатски канали биле евакуирани лица кои биле барани преку Интерпол и останатите партнерски држави, истакна Мицкоски.

Притворениот дипломат Миленкоски го спасувал братот на поранешниот претседател на Ерменија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Големи поплави во Мексико – двајца загинаа, потопена е болница

Следно

Не се само политичарите виновни за корупцијата, вели Ахмети

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian