Медведев е прв полуфиналист на УС Опен

1 min read

Вториот носител Данил Медведев се пласира во полуфиналето на последниот годинешен грен слем турнир откако во четвртфиналето го совлада Ботик ван де Зандшулп во четири сета и тоа со 6:3,6:0,4:6,7:5.

Медведев трета година по ред ќе игра во полуфиналето на УС Опен, пред две години загуби од Рафаел Надал во финалето, а минатата година е поразен од Александер Зверев токму во полуфиналето.

Во првите два сета против Ван де Зандшулп, Медведев доминираше на теренот. Во првиот сет поведе со 5:1 но потоа дојде до мало опуштање кое Холанѓанецот го искористи да освои два гема по ред. Но тоа беше се од него во првите два сета, Медведев со нов брејк дојде до 6:3 и водство до 1:0 во сетови, а во вториот сет тотално доминираше не дозволувајќи му на Ван де Зандшулп да освои ниту еден гем.

Работите се променија во третиот сет, сервисот на Медведев затаи, а противникот почна да игра многу подобро. Ја искористи брејк топката во петтиот гем и со сигурен сервис успеа да го освои сетот и да намали на 2:1.

Ван де Зандшулп добро се држеше и во четвриот сет, во првите десет гема не му дозволи ниту една брејк топка на Медведев. Но, Русинот во 11 гем брави брејк со нула и потоа со сигурен сервис обезбеди пласман во полуфиналето.
Противник на Данил Медведев во полуфиналето ќе му биде подобриот од дуелот Алкараз – Оже Алиасим.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Новиот талибански министер за полиција , се наоѓа на потерница на ФБИ, нудат пет милиони долари за неговата глава

Следно

Извршена втора трансплатација на коскено ткиво кај четириесетгодишна штипјанка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian