Македонија Ѓорче Петров со Крстовски и Младеновски ќе се бори за шампионската титула

1 min read

Во пресрет на следните натпревари од сезоната 2021/2022, денеска Македонија Ѓорче Петров ги промовираше своите нови засилувања.

Нови „ѓорчепетровци“ се поранешните младински репрезенативци, Марио Младеновски и Марио Крстовски.

Младеновски ќе игра за нашиот прволигаш доаѓајќи од бугарскиот клуб Ботев Пловдив.

А Крстовски досега ги бранеше боите на Зрињски Мостат од Босна и Херцеговина, воедно беше дел од Работнички, Академија Пандев и Хоризонт.

Моментно во шампионатот Македонија ЃП после пет кола е на четвртото место со девет бодови, колку и третопласираниот тим на Струга Трим Лум, а еден помалку зад водечките Шкупи и Академија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СЕ РЕКОНСТРУИРА ПАТОТ ДО БОЈАНЕ ВО ОПШТИНА САРАЈ 07.09.2021

Следно

Заев: Никој нема да биде оставен без учебници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian