Квалификации ЕП: У21 репрезентацијата денеска во Охрид против Србија

1 min read

Македонската репрезентација до 21 година денеска (16.00 часот) на стадионот „Билјанини извори” во Охрид ќе го одигра натпреварот Србија во рамките од квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 во Романија и Грузија.

Селекторот на нашата млада селекцијата, Драги Канатларовски вели дека е извлечена голема поука од стартниот меч во овој квалификациски циклус против Франција кој го загубивме со 3:0 во Ле Ман.

– Максимално сме фокусирани на дуелот со Србија. Момците се подготвени, работевме напорно овие неколку денови во Охрид, со цел подобро да одиграме на овој меч со Србија. Извлековме голема поука од натпреварот со Франција. Нема да ги повториме истите грешки. Фудбалерите се свесни дека одигравме лош натпревар и оттаму желбата за докажување на денешниот меч е голема.

Дуелот со Србија ќе биде многу поразличен од нашиот прв со Франција во овие квалификации. Атмосферата е одлична и се надевам дека ќе ја израдуваме фудбалската јавност – рече селекторот Канатларовски.

Во нашата „Х“ група, покрај дуелот Македонија – Србија, играат уште и репрезентациите на Украина и Ерменија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Новиот Надал“ испишува историја, го направи она што не им успеа на Новак, Рафа или Федерер

Следно

И покрај ветувањата: Армијата административци повторно расте во Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian