Куман сепак не е сигурен на клупата на Барселона, познато е кој ќе биде негов наследник

1 min read

Ромалд Куман сè уште ја нема целосната доверба од новата управа на Барселона и поради тоа неговата иднина на клупата на каталонскиот тим и понатаму е неизвесна.

Шпанскиот новинар Алфредо Мартинез и денеска како и неколку пати изминатиот период тврди дека Чави Ернандез е блиску до клупата на Барселона.

Чави Ернандез треба да биде идниот тренер на Барселона/ фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Според новинарот, во нотесот на претседателот Жоан Лапорта нема ниту едно друго име, иако јавноста шпекулираше дека сака еден од германските тренер Томас Тухел, Јулијан Нагелсман и Ханси Флик да седне на клупата но сите тие имаат ангажман.

Наводно Чави е подготвен да се врати во Барселона, посебно откако претседател е Жоан Лапорта, но го чека вистинскиот момент. Тоа би требало да биде идното лето, а покрај Чави би требало да пристигне Хосе Гаја како засилување во одбраната.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Не се само политичарите виновни за корупцијата, вели Ахмети

Следно

Шведска ги укинува речиси сите епидемиолошки мерки против Ковид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian