Клубот на Елмас го доживеа едно од најголемите понижувања, а в сабота игра со Јуве

1 min read

Во тек се репрезентативните обврски, а овој период клубовите го користат за одигрување на пријателски натпревари пред новите натпревари во сезоната.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас моментно е со националната А селекција за мечевите во мундијалските квалификации.

Неговиот клуб Наполи одигра контролна средба во кој го доживеа едно од најголемите понижувања во својата историја. Екипата на Лучано Спалети загуби со неверојатен резултат 5:1 од Беневенто.

„Наполитанците“ играа без репрезентативците, но затоа во тимот беа Марфела, Малкуит, Манолас, Хесус, Заноли, Фабиан Руиз, Марио Руи, Политано, Унас, Лозано, Петања, скоро половина од стандардните првотимци на кои можеше да смета тренерот Спалети.

Ова секако може да влијае на атмосферата пред големиот меч в сабота (11. септември, 18.00 часот) во рамките од италијанската Серија А кога на домашен терен ќе игра Наполи во дербито против Јувентус.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пендаровски: Имунизацијата е клучен фактор за излезот од кризата

Следно

Фатена криминална група од Србија која криумчарела мигранти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian