Канадскиот премиер погоден со чакал при посета на фабрика

1 min read

Канадскиот премиер Џастин Трудо беше погоден со чакал со кој го гаѓаа демонстрантите за време на посета на пиварница, како дел од неговата предизборна кампања, објави Би Би Си Њуз.

Тој се враќал во својот автобус по посетата на пиварницата кога бил погоден, но не бил повреден.

Трудо распиша предвремени избори кон средината на август, со надеж дека ќе освои мнозинство гласови за својата левоцентристичка Либерална партија.

Но, неговата кампања за нова изборна победа беше нарушена со протести поради кампањата за задолжителна вакцинација против Ковид-19 и други ограничувања за граѓаните.

Пред нешто повеќе од една недела, премиерот Трудо беше принуден да го откаже изборниот митинг, откако група незадоволни демонстранти го прекинаа настанот.

Плановите на Трудо за задолжителна вакцинација станаа клучно прашање пред изборите кои ќе се одржат на 20 септември.

Канада има една од највисоките стапки на вакцинација против коронавирус во светот.

 

 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поранешниот шеф на Ферари: Шумахер е сè подобар – се опоравува, но со последици

Следно

Последно обраќање на Меркел во Бундестагот пред изборите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian