Извршена втора трансплатација на коскено ткиво кај четириесетгодишна штипјанка

1 min read

На Клиниката за Тоарилуц, денеска е направена втората трансплантација на коскено ткиво од починат донор, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот преку својот Фејсбук профил објави дека станува збор за сложена операција кај 40-годишна пациентка од Штип, која минатата година при сообраќајна незгода се здобила со скршеница на десната бутна коска, а поради незараснување на скршеницата имала потреба од трансплатација на коскено ткиво.

Ова е втора трансплантација на коскено ткиво од починат донор на оваа клиника. Пред два месеца беше трансплантирана коска кај млада пациентка која се лекува од малигна болест на коските.

Филипче искажа благодарност до семејството на донорот за нивниот хуман гест и до тимот на лекари кои ја направија трансплантацијата, а на пациентката ѝ посака брзо опоравување.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Медведев е прв полуфиналист на УС Опен

Следно

Александар Флоровски по повод 30 години независност: Во овие 30 години државата опстојува, но и стагнира

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian