И покрај ветувањата: Армијата административци повторно расте во Бугарија

1 min read

Државната администрација во Бугарија продолжува да се зголемува и покрај повеќе годишните ветувања дека ќе биде сведена на оптимум, а бројот на административци ќе биде намален, објавува Днес.бг.

Во интервју за Блумберг ТВ Бугарија, Стефан Христов, основачот на платформата pisar.bg и председател на извршниот одбор на фондацијата „Граѓани против бирократијата“ вели дека една од основните причини за немањето промени е тоа што вработените во администрацијата носат гласови за власта.

Според него, во бугарската администрација во моментов се вработени околу 450 илјади луѓе. Христов вели дека пандемијата од коронавирус покажала оти бројот на административците може да се намали оти „тие не работеа, а државата продолжи да функционира“.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Квалификации ЕП: У21 репрезентацијата денеска во Охрид против Србија

Следно

Загадувањето на воздухот најголем еколошки ризик за здравјето на луѓето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian