Хакери го нападнаа системот за попис во Бугарија

1 min read

Хакери го нападнаа системот за попис, изјави Дијана Јанчева, заменик-претседател на Националниот статистички институт на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Јанчева увери дека институцијата работи на надминување на нападот, но тоа ќе ограничи дел од електронските ресурси.

Ај-Пи адресите на напаѓачите се веќе утврдени, а нападот е откриен при првото ниво на заштита. Според Јанчева, има 56 погрешни адреси за електронска пошта.

Во првите шест часа беа обработени повеќе од 62.000 барања, а за два часа имало голем интерес да се пребројат повеќе од 200.000 корисници по електронски пат. Таа коментираше дека се очекуваат повеќе напади на пописот, но изрази надеж дека нема да бидат успешни затоа што се преземени мерки

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поранешен американски тенисер објасни зошто повеќето навивачи не го сакаат Ѓоковиќ

Следно

Кина ги повика САД да ја поддржат меѓународната борба против пандемијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian