Гвардиола сакал да го избрка Пике од Барселона кога фудбалерот ја започна врската со Шакира

2 mins read

Капитенот на Барселона, Жерар Пике откри дека неговиот однос со Пеп Гвардиола значително се влошил кога почна да се забавува со пејачката Шакира.
Актуелниот заменик капитен на Барселона откри дека желбата на поранешниот тренер на тимот „да контролира се“ за малку ќе го истерала од „Камп Ноу“. Пике и Гвардиола соработуваа од 2008 до 2012 година и во тој период освоија три титули во Ла Лига и две во Лигата на шампионите.

Сега, дефанзивецот на Барселона ја отвори душата и откри колку тежок и напорен може да биде Гвардиола. Пике вели дека ривалството на Пеп со тогашниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо влијаело на фудбалерите и тоа доведе Гвардиола да му замери на дефанзивецот што се забавува со поп ѕвездата Шакира.

– Дојдовме до сериозен степен на тензии, не само со мене туку и во соблекувалната воопшто. Ривалството со Мурињо беше напорно, Пеп сакаше да контролира буквално се што се случува. Кас почнав да се забавувам со Шакира и тогаш се промени мојот однос со него. Сега се е ок, може да кажам дека имаме совршен однос со Пеп – изјави Пике за „Марка“.

– Бев под голем притисок, чувствував дека на тренинзите морам да направам се совршено. Имаше моменти кога помислував да си заминам од Барса. Тоа беше во летото во 2011 година – додава Пике.

Пике и Шакира врската ја започнаа во 2011 година, а се запознаа кога пејачката ја снимаше химната за Мундијалот во 2010 година. Тие веќе десет години се заедно и имаат два сина, Милан и Саша.

Од друга страна, Гвардиола во Барселона остана уште една сезона, потоа зеде одмор од една година и се пресели во Баерн Минхен. Од 2017 година седи на клупата на Манчестер сити со кого освои три титули во Премиер лигата, еден ФА куп, четири Лига купови, два Комјунити шилд трофеи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Честитка од претседателот на САД, Џо Бајден, по повод Денот на независноста

Следно

Ова е програмата за прославата на Денот на независноста – 8 Септември

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian