Последните статистики за стапката на вакцинација во главниот град на Белгија и на ЕУ не се задоволителни, целта од 70 отсто не се очекува да биде постигната пред доцна есенва.
Населението во главниот град на ЕУ и седиште на институциите на ЕУ не се вакцинира како остатокот од Белгија, каде вакцинацијата напредува со брзо темпо.
Посебно ниска е стапката на вакцинација кај најмладите: само 38 отсто од младите помеѓу 18 и 24 годишна возраст се вакцинирани, додека оваа бројка достигнува 81 отсто во регионот Фландрија на север и 68 отсто во Валонија, на југот од Белгија.
Според властите, со ова темпо, до крајот на октомври само треба да се постигне 65 отсто вакцинација на населението во градот Брисел.
Обидите да се подобри ситуацијата со отворање на вакцинални пунктови во супермаркети и аптеки не дадоа резултати. Минатата недела помалку од 900 дози се аплицирани во градот на овие неконвенционални вакцинални пунктови.
Запрашани за одговор, властите велат дека одговорноста лежи во голем дел во дезинформациите на интернет поврзани за вакцините, иако тоа не ја објаснува драстичната разлика помеѓу градот Брисел и останатите региони.
Изввор: МИА