Димитриевски: Против Исланд направив грешка, мојата цел е да не бидам совладан

1 min read

Македонија против Исланд пред два дена имаше убава шанса да дојде до трите бода, на гостувањето во Рејкјавик, но на крајот домаќините го избегнаа поразот (2:2).

На споменатиот меч не делуваше на теренот дека Исланѓаните може да се вратат резултатски, остануваа нешто повеќе од 15 минути до крајот на средбата, нашите фудбалери ја контролираа ситуацијата, но потоа се случи невиден пад.

Селекторот Благоја Милевски истакна дека проблем на последниот квалификациски меч за СП беше психолошкиот момент.

При позитива од 0:2, Исланд имаше слободен удар, голманот Столе Димитриевски успеа да го одбрани истиот, но не реагираше најдобро, топката падна во петерецот, а ривалот брзо ја искористи можноста и успеа да ја испрати топката во нашата мрежа.

– Мојата цел ќе биде како и на првиот натпревар, ќе се обидам заедно со соиграчите да не бидам совладан. На претходните два меча шансите на противникот се минимизирани, тоа зборува за нашата добра поставеност во дефанзива и дека целосно ги разбираме тактичките барања на селекторот.

Одигравме одлични 75 минути во Исланд, направив грешка за првиот гол, а потоа ни се случи психолошки пад. Но, анализиравме, работевме на сите аспекти во играта и се надевам дека утре ќе бидеме на високо ниво – вели чуварот на мрежата, Димитриевски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Симовски: Системот се рестартираше за да нема проблеми во иднина

Следно

Градот Брисел не ги постигнува целите за вакцинација на населението

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian