Девојка и момче потешко повредени во сообраќајка во Кавадарци

1 min read
Тројца млади биле повредени во сообраќајка ноќеска во Кавадарци, девојка и момче со потешки повреди, потврди за МИА Ратко Грков, дежурен лекар во кавадаречката Брза помош.
-Младите биле повредени во сообраќајка меѓу велосипед и мотор. Во центарот на Кавадарци, кај основното општинско училиште „Димката Ангелов-Габерот”. Им укажавме прва медицинска помош и поради сериозноста на повредите, една девојка и едно момче  препративме на лекување во Скопје, појасни Грков.
Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Невакцинираните словенечки војници се жалат на дискриминација

Следно

„Новиот Надал“ испишува историја, го направи она што не им успеа на Новак, Рафа или Федерер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian