Денковски блескаше на голот и донесе бод за младите фудбалери

1 min read

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година го освои првиот бод во квалификациите за пласман на ЕП 2023 година.

Во второто коло од квалификациите избраниците на селекторот Драган Канатларовски одиграа 0:0 против врсниците од Србија, и по поразот од Франција во првото коло, го запишаа првиот бод.

Вистински јунак на натпреварот кој се играше на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид беше голманот Давид Денковски.

Голманот во 34. миниута го одбрани ударот од белата точка на Тедиќ, а потоа го одбрани и шутот на Милосављевиќ по одбиената топка. Денковски во продолжение на натпреварот имаше уште неколку одлични интеревенции со кои не дозволи да се затресе неговата мрежа.
Првата посериозна шанса за младите фудбалерите беше во 63. минута кога обидот на Чолаковски во последен момент беше изблокиран од одбраната на Србија.

Петнаесет минути подоцна, Фазлагиќ излезе сам пред гостинскиот голман Гордиќ кој одлично реагираше и не дозволи промена на резултатот. Во финишот Трајковски биеше непрецизно од десетина метри, додека во судиското продолжение ударот на Елези беше запрен на гол линијата по што натпреварот заврши без голови.

Следен предизвик во квалификациите за младите фудбалери е гостувањето кај Фарски Острови, а натпреварот ќе се игра на седми октомври

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Осуда од ЕУ за притворањето на пет лидери во Крим од страна на Русија

Следно

Нуредини во Липково на поставувањето таложникот во филтер станица за водоснабдување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian