Четири тима кои ја основаа Суперлигата се вратија во Европската асоцијација на клубови

1 min read

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви е еден од пројцата челници на екипи кои влегоа во проектот европска Суперлига, а потоа се откажаа од истата, е избран за претставник во бордот на Асоцијата на европски клубови (ЕКА). Покрај него место во бордот добија и претседателите на Интер и на Атлетико Мадрид, додека во ЕКА се врати и Арсенал.

Даниел Леви, Алесандро Антонело и Мигел Анхел Хил се нови членови на бордот на ЕКА, и тие се избрани само пет месеци откако се обидоа да организираат ново натпреварување, европска Суперлига.

Претставниците на екипите кои се откажа од Суперлигата во понеделникот присуствуваа на состанокот на ЕКА. Место во бордот доби и извршниот директор на Арсенал, Винаи Венкетешам.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Блинкен се заблагодари на Катар за евакуациите од Авганистан

Следно

Касами: Ќе го направиме Тетово европски град, следејќи ги европските примери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian