Американскиот претседател Џо Бајден денес ќе го посети Њујорк за да ја види штетата предизвикана од ураганот Ида што го погоди истокот на САД минатата недела, при што загинаа 57 лица а четири се водат за исчезнати, соопшти Белата куќа.
Од градот Њујорк потврдија дека таму загинале 17 луѓе.
Ураганот Ида започна од југот на САД и за многу кусо време го погоди Њу Орлеанс и делови од државите Луизијана и Мисисипи. Од Националната метеорлошка служба соопштија дека е можно силните дождови да продолжат уште некое време.
Вчера околу 480 илјади луѓе во Луизијана останаа без електрична енергија, а освен тоа се испитуваат пријави за излевање на нафта во Мексиканскиот Залив.
Гувернерката на Њујорк, Кејти Хочал рече дека Ида во оваа сојузна држава предизвикала штета од над 50 милиони долари.