Јанкуловски: Со пунктот на УКИМ ќе се забрза процесот на вакцинација на студентите

1 min read

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, проф.д-р Никола Јанкуловски денеска соопшти дека целта на новиот пункт за вакцинација е за да се олесни и забрза процесот на вакцинација на студентите и вработените на Универзитетот во Скопје. Пунктот ќе биде отворен до крајот на оваа недела во кампусот на општествените науки на приземјето на Економскиот факултет. Веќе е обезбеден простор и соодветна опрема за таа намена.

Јанкуловски кој истакнува дека вакциналниот пунк ќе биде отворен секој работен ден од 8 до 14 часот и во него ќе работат обучени лица, двајца доктори и две сестри од поликлиниката на Универзитетот. Просторот е снабден со информатичка, како и медицинска опрема согласно постојниот протокол и потребите. 

Согласно актуелната епидемиолошка состојба во државата и согласно заклучокот на Ректорската управа на Универзитетот донесен на вонредната сеница одржана на 23 август, УКИМ побара од Министерството за здравство да овозможи отворање на вакцинален пункт на Универзитетот заради омасовување на вакцинацијата во академската средина. Вакцините и друга стручна помош ќе бидат обезбедени од Министерството за здравство, информира проф.д-р Јанкуловски. 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарија од денеска ги заострува мерките за работа на рестораните, а ноќните клубови се затвораат поради Ковид-19

Следно

Поранешниот шеф на Ферари: Шумахер е сè подобар – се опоравува, но со последици

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian