Александар Флоровски по повод 30 години независност: Во овие 30 години државата опстојува, но и стагнира

1 min read

Она што беше наша заложба во 1991 година, како прв повеќепартиски парламент, има малку врска со она што денеска се случува. Тогаш мечтаевме секој ден некој да нѐ признае и бевме пресреќни кога тоа ќе се случеше. Од тогаш до денес, разликата е голема, бидејќи денеска работите се повеќе борба за профит и фотеља, а тогаш се боревме за македонска држава.

За жал, денеска, кон нас, пратениците од првиот собраниски состав, ни должно почитување не ни покажуваат. Идејата за независна држава беше на ВМРО, но за многу работи од македонскиот национален интерес се договаравме со СДСМ и со тогашното нивно раководство. Да, иако сме се расправале од собраниската говорница, не сме си биле душмани.

А, сепак, по 30 години независност, државата опстојува, но и стагнира. Да не даде Господ да станеме бинационална држава! Ние сме нејзините сајбии – ние ја создававме, и партизаните и комитите, сите заедно. Имаше подобрувања во различни периоди во изминатите три децении, но голем напредок не постигнавме. Македонија и денес е мојата болка и гордост!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Извршена втора трансплатација на коскено ткиво кај четириесетгодишна штипјанка

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Со изложбата „Ликовни блесоци“ започна одбележувањето на Денот на независноста во Кабинетот на Претседателот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian