АИ: Сиријците што се враќаат дома ги силуваат, малтретираат и убиваат

1 min read

Припадниците на сириските безбедносни служби ги кршат човековите права на бегалците кои се вратиле во Сирија помеѓу 2017 и пролетта оваа година, објави Амнести интернешнл во својот извештај.

-Сириските припадници на безбедносните служби ги изложуваат жените, децата и мажите што се вратиле во Сирија на незаконско или произволно притворање, мачење и злоставување, вклучително и силување и сексуално насилство, пишува во извештајот.

Амнести има документирано тешки прекршувања на човековите права против 66 луѓе, од кои петмина починале. Седумнаесет се исчезнати. Меѓу документираните случаи има и 13 деца.

Според извештајот, една жена раскажала дека разузнавачите тешко сексуално ја злоставувале нејзината ќерка на граничниот премин. Биле силувани и 13-годишно момче и петгодишно девојче, пишува АИ.

Организацијата апелира до земјите да не ги депортираат сириските бегалци назад во Сирија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Канада ги отвори границите за целосно вакцинирани странци

Следно

„Скупи фестивал“ во Куршумли ан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian