Ахмети: Градиме капитални проекти што ќе ги наследат генерации

2 mins read

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети денес беше присутен на свеченото отворање на реконструираниот пат во населеното место Бојане, општина Сарај.

Овој проект за реконструкција на патот во должина од 5 километри, 2 километри фекална канализација, 2 километри атмосферска канализација, тротоари во должина од 3,5 километри и потпорен ѕид во должина од 700 метри, вкупно чинеше 83.851.201 денари.

„Почитувани жители на Општина Сарај, почитуван Премиер, Градоначалник на Општина Сарај, Градоначалник на Град Скопје.Патиштата, мостовите, се голема симболика бидејќи ги поврзуваат луѓето, поврзуваат генерации. На нашата земја и треба инфраструктура, модерна инфраструктура и овој проект наликува на оваа модернизација. Изградените патишта не обединија и во оваа коалиција, мостовите не обединија во оваа коалиција бидејќи целите ни беа заеднички.„

Според претседателот Ахмети, нашата заедничка цел беше да изградиме инфраструктура што не обединува и приближува до Европа, успесите денес и утре нема да изостанат со овие изградени мостови и патишта.

„Нашиот без алтернативен пат беше НАТО, нашиот пат беше Европската Унија, нашиот заеднички пат беше да изградиме инфраструктура што не обединува и не приближува до Европа, така што успесите денес и утре нема да изостанат со овие изградени мостови, од овие патишта што се асфалтирани за да не приближат што е можно поблиску до Европа, да не доведат што е можно поблиску до владеењето на правото, со правната држава, со сите прогресивни идеи за да имаме држава што е можно пофункционална и што е можно поскоро земја членка на Европската Унија„ рече на крај на својот говор претседателот Ахмети.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

ПСЖ не заврши со трансферите сезонава, сака да го договори играчот на Милан во зимскиот преоден рок

Следно

Радев: Не чекаат нови избори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian