100 години од раѓањето на Блаже Конески во Кинотека: Кратки документарни филмови и откривање на мурал во чест на великанот

1 min read

По повод 30 години независност на Републиката и 100 години од раѓањето на Блаже Конески, вечер (7 септември) во 20:00 часот во Кинотеката ќе бидат проектирани документарни филмови и ќе биде откриен мурал – посветени на великанот на македонскиот јазик и култура, Блаже Конески.

Ќе бидат проектирани документарни филмови и ТВ-емисии инспирирани од неговиот живот и посветени на неговото книжевно дело, меѓу кои и десетина куси филмови произведени во 2021 година по нарачка на Министерството за култура.

Во соработка со Фестивалот за урбана култура „Мурал“, кој годинава бележи три години постоење, ќе биде креиран мурал на површина од 20 м², на кој ќе биде отсликан портретот на Конески, задно со одредени одлики на неговото творештво. Муралот е дело на уметникот Дејвид Стоилковски-Молерај (Куманово, 1997), кој има богато искуство со исцртување мурали и графити.

http://kultura.gov.mk/

Претходно

Пет години затвор за човек што заразил 8 луѓе со ковид

Следно

ВИДЕО: Пожарникарите во близина на Задар ги заштитија куќите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian