Во односите со Бугарија не излеговме од Студената војна, вели професорот Докмановиќ

1 min read

Една од причините за актуелните проблеми во односите меѓу Македонија и Бугарија е тоа што односите меѓу двете земји и општества никогаш не ги надминаа односите од времето на Студената војна, изјави историчарот и професор на Правниот факултет на УКИМ, Мишо Докмановиќ, во вечерашното гостување во дневникот на ТВ Сител.

Тој вели дека уште од осамостојувањето, властите во Бугарија ја признаваат нашата држава, но не и македонската нација.

„Постои еден таков континуиран страв кај бугарските власти, присутен во изминатите 30 години. Имам една теза дека ние, фактички, не излеговме од Студената војна во односите со Бугарија. Нивното ниво, на некој начин, остана на нивото на оние односи што ние ги имавме за време на Студената војна, по доаѓањето на Живков на власт во Бугарија. Имаше неколку обиди да се нормализираат тие односи, меѓутоа сепак, нашите две држави, народи и општества не комуницираа на начин на кој се очекува да комуницираат и можеби тоа е една од причините за овој нов конфликт којшто се развива. Едноставно, ние не се познаваме доволно со Бугарија, со бугарскиот народ. Можеби треба да се размислува за отворање на некои нови канали на комуникација“, рече Докмановиќ, чијашто нова книга ги анализира случувањата во првите години по осамостојувањето на земјава.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Европска Комисија: Очекуваме од сите да учествуваат конструктивно во пописот

Следно

Денеска се регистрирани 199 нови случаи на ковид-19, а пријавени се 32 починати лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian