Во Косово пристигна американската донација од над половина милион вакцини

1 min read

 Во Косово попладнево пристигна пратката од 503.100 дози анти-ковид вакцини „Фајзер”, кои се донација од Соединетите Американски Држави во рамки на програмата КОВАКС, јави дописникот на МИА од Приштина.

Министерството за здравство на Косово објави дека, истовремено со американската донација, во земјата стасале и 53.820 дози вакцини, како дел од билатералниот договор на косовската Влада со производителот „Фајзер”.

Со вакцините кои ги прими денеска и со оние со кои веќе располага, косовското МЗ очекува „масовната вакцинација против Ковид-19 да се зајакне понатаму, со цел постигнување на целта на Владата за вакцинирање на 60 отсто од населението според државниот план за вакцинација”, се вели во соопштението.

Во Косово, вклучително податоците за последните 24 часа, досега се извршени над 922 илјади вакцинации, при што втората вакцина ја примиле повеќе од 307 илјади лица.

извор МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

САД и сојузниците од Авганистан евакуирале 124.000 луѓе

Следно

ДЗС: Попладнево решени проблемите со апликацијата, проблемот не бил во интернетот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian