Во изминативе 24 часа има шест починати од ковид-19 во тетовската болница

1 min read

Во изминатите 24 часа до 7 часот утринава во тетовскиот ковид-центар во Клиничката болница починале шест лица кои биле на болничко лекување поради Ковид-19. Бројот на хоспитализирани падна под 100, а има и се помалку прегледи и контроли во амбулантата.

-Од шесте починати пациенти најмладиот е на 53 години, додека најстариот на 82 години. Вкупно се хоспитализирани 91 лице од кои 90 на кислородна поддршка, а еден на неинвензивен респиратор. Од хоспитализираните само еден е со една доза вакцина, додека сите имаат хронични болести. Во текот на 24 часа имаше шест нови приеми на болничко лекување, а двајца се пуштени дома, изјави д-р Миранда Пајазити.

Во амбулантата на ковид – центарот имало 63 барања за прегледи и контроли на луѓе кои се пожалиле на симптоми.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шестмина Палестинци преку ископан тунел избегаа од израелски затвор

Следно

Вчера биле санкционирани 703 возачи поради брзо возење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian