Во Грција целосно вакцинирано 55 отсто од населението

1 min read

Над 5.780.000 граѓани во Грција, односно 55 отсто од општото население или 64,2 проценти од полнолетната популација се целосно вакцинирани, според денешните податоци што на редовната прес конференција за имунизацијата во земјата ги соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус , јави дописничката на МИА од Атина.

Грција денеска надмина 11.525.000 аплицирани дози од вакцината, а барем една доза од вакцината примиле над 6.145.000 граѓани, што е 58,5 проценти од општото или 67,6 отсто од полнолетното население.

Темистоклеус истакна дека во изминатите десет дена, 150.000 граѓани закажале термин за вакцинација.

Во однос на старосните групи, се осврна на младите, соопштувајќи дека од оние што се на возраст меѓу 18 и 24 години, вакцинирани се 45,4 отсто, а со намалување на возраста се намалува и процентот на вакцинирани: 20 отсто од оние што се меѓу 15 и 17 години и 9,6 проценти, односно 36.500 деца на возраст од 12 до 14 години.

Извор МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Османи во Ватикан по повод одбележување пет години канонизација на Мајка Тереза

Следно

Жителите на Дренак, Старо Нагоричане немаат електрична енергија по пожарите, ЕВН ќе замени уште мал број оштетени столбови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian