ВИДЕО: Реконструкцијата на „Сантијаго Бернабеу“ се ближи кон крајот, се поставува теренот, се уредуваат трибините…

1 min read

По репрезентативната пауза, стадионот на Реал Мадрид ќе ги отвори вратите за навивачите.
Реновирањето на култниот стадион на Реал Мадрид, „Сантијаго Бернабеу“  напредува со крупни чекори, до службеното отворање остана само една недела поради што во забрзано темпо се одвуваат последните работи на стадионот.

Реновирањето на „Сантијаго Бернабеу“ започна во март минатата година и тоа во време кога изби пандемијата на коронавирусот. Иако светот западна во финансиска криза и од неа не беше поштеден ниту Реал Мадрид, управата на чело со претседателот Флорентино перез одлучи дека реновирањето мора да се спроведе според предвидениот план.

Модернизацијата на „Сантијаго Бернабеу“ вклучува поставување на нов кров кој ќе може да се затвора, вградување на повеќенаменски терени кои ќе се менуваат по потреба, што значи дека на стадионот ќе може да се играат НБА натпревари, тениски мечеви, да има концентри….
Исто така се реновираат и свечените ложи.

Сигурно е дека теренот и трибините ќе бидат подготвени до 12 септември кога Реал Мадрид ќе игра против Селта, додека останатите работи ќи бидат завршени идната година, а тука се мисли на монтирањето на подвижниот кров и надворешниот изглед на стадионот кој треба да добие нов модерен изглед.
Како изгледа култниот „Сантијаго Бернабеу“ погледнете во видеото на шпанската новинарка Марибел де Хесус.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вознемирувачко видео | Убиени 12 офицери на Ирак

Следно

Бјерде: Економското закрепнување е возможно само со вакцнирањето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian