ВИДЕО: Огромен пожар беснее кај Задар, стотици пожарникари се борат со огнот

1 min read

Шумски пожар вечерва изби кај селото Ражанац во близина на хрватскиот приморски град Задар и зафати голема површина, а во борбата против огнената стихија се ангажирани стотици пожарникари.

На драматичните снимки кои се споделуваат на социјалните мрежи, се гледа како огнот го осветлува небото над Задар, додека противпожарните служби од повеќе околни градови со сите сили се обидуваат да спречат пожарот да ги зафати куќите во малото село Стоиќи.

Според хрватските медиуми, загрозени се повеќе куќи. На терен се пожарникари од Задар, како и од Ражанац, Сукошан, Паг и други места. Голем дел од локалните противпожарни екипи биле ангажирани и на островот Угљан, каде цела ноќ ќе го надгледуваат изгаснатиот пожар со кој се бореле изминатиов викенд, пишуваат медиумите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тинејџерите блескаат на УС Опен, Радукану трета квалификантка која ќе игра во четвртфиналето

Следно

Денес се празнува Светиот апостол Тит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian