ВИДЕО | Белоруските опозиционери осудени на повеќегодишни затворски казни за нарушување на безбедноста

1 min read

Судот во Белорусија ја осуди Марија Колесникова, опозиционерка и една од фигурите на минатогодишните протести против режимот на Александар Лукашенко, на 11 години затвор „за поткопување на националната безбедност“.

Веста за пресудата ја објави прес -службата на Виктор Бабарико, друг опозиционер со кого Колесникова соработуваше.

Покрај пресудата против Колесникова, судот донесе и пресуда за кообвинетиот Максим Занок, кој беше осуден на десет години затвор.

Им се судеше за „заговор за преземање на власта“ и „повици за дејствија што ја поткопуваат националната безбедност“.

Колесникова е една од трите жени кои учествуваа во претседателската трка против претседателот Лукашенко минатото лето.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Невакцинираните ракометари на Пролет по враќањето во Македонија пратени во карантин

Следно

Груби-Силвестри: Пописот на населението е важен за Северна Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian