Вчера биле санкционирани 703 возачи поради брзо возење

1 min read

Министерството за внатрешни работи вчера продолжи со зајакнатите акциски контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 703 возачи. Од нив, 84 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 349 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 354 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за да може заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во изминативе 24 часа има шест починати од ковид-19 во тетовската болница

Следно

Нејмар ги ограби катарските шеици: Му плаќаат шест милиони евра за да ги поздравува навивачи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian