Уапесниот советник на Ѓукановиќ пуштен да се брани од слобода

2 mins read

Советникот на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, Веселин Веjовиќ, беше пуштен да се брани од слобода, откако истражниот судија на Основниот суд Цетиње не го прифати предлогот на локалното обвинителство да му одреди мерка притвор до 30 дена.

По напуштањето на судот, Веjовиќ коментираше дека одлуката за укинување на притворот „потврдила дека Црна Гора има капацитети и институции“.

„Верувам дека не се работи за факти и не за вистина, туку за политички прогон и политичка одмазда на премиерот Здравко Кривокапиќ и вицепремиерот Дритан Абазовиќ“, рече Веjовиќ, пренесува РТЦГ.

Обвинителството на Веjовиќ, поранешен директор на Полициската управа на Црна Гора , се сомнева дека за време на вчерашните протести по повод устоличувањето на митрополитот Јоаникије во Цетиње, сторил кривично дело напад на службено лице при вршење службени дејствија

Веjовиќ беше изведен пред истражниот судија на Основниот суд во Цетиње, заедно со предлогот на обвинителството за притвор.

Претходно, обвинителството му одреди притвор до 72 часа поради опасност од повторување на делото и страв дека ќе може да влијае врз сведоците со тоа што ќе остане на слобода.

Според тврдењата на вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, долгогодишниот полициски началник го водел нападот врз неговите поранешни колеги, потсетува Вијести.

Според безбедносните служби Веjовиќ се обидел да ја преземе командата врз полицајците кои го чувале манастирот Цетиње од демонстрантите кои протестираа против востоличувањето на Јоаники.

Овој негов обид како и вчерашните случувања, владата на Црна Гора ги нарече обид за државен удар

 

 

Одлуката Вејовиќ да себрани од слобода, дел од просрпските и провладините  политички партии во Црна Гора ја нарекоа како скандалозна

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Крадците не влегле во вилата на Новак Ѓоковиќ, го ограбиле домот на неговиот брат

Следно

ОН: Ужасни услови за мигрантите на границата меѓу Полска и Белорусија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian