Талибанците обвинети за убиство на бремена полицајка

1 min read

Талибанците убија авганистанска полицајка која беше во осмиот месец на бременоста, изјавија очевидци за Би-Би-Си.

Жената, која локалните медиуми ја нарекоа Бану Негар, е убиена во семејниот дом, пред очите на семејството во градот Фирозох, главниот град на провинцијата Гор.

Убиството доаѓа по зголемениот број извештаи за насилство врз жени во Авганистан.

Талибанците за Би-Би-Си изјавија дека не се вмешани во убиството на Негар и дека ја истражуваат нејзината смрт.

Портпаролот на Талибанците Забиула Муџахид изјави дека Талибанците „биле свесни за инцидентот“ и тврди дека Талибанците не ја убиле.

Тој додаде дека Талибанците веќе ги амнестирале оние што работеле за претходната администрација и дека убиството на бремена полицајка е „некакво лично непријателство или нешто друго“.

Деталите за убиството се уште не се целосни, но многумина во Фирозох се плашат од одмазда ако проговорат.

Меѓутоа, три извори за Би-Би-Си велат дека Талибанците во саботата ја тепале и убиле Негар пред очите на нејзиниот сопруг и децата.

Роднините дадоа докази со прикажување грозни сцени од крв што се наоѓаа на ѕидот во аголот на собата и нејзиното тело, додека нејзиното лице беше изобличено.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заинтересираноста за работни визи во Германија се зголемува, амбасадата не може да постигне

Следно

Во Велес и Карпош деца заразени од ковид два дена по почетокот на школската година

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian