Судскиот совет констатира престанок на судиската функција на Владимир Туфегџиќ

1 min read

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница констатира престанок на судиската функција на судијата Владимир Туфегџиќ, судија во Основен кривичен суд Скопје, по негово сопствено барање.

Судијата Туфегџиќ неодамна информираше дека неговата кариера ќе ја продолжи како адвокат во угледна адвокатска канцеларија.

Судскиот совет на денешната седница донесе и Методологија со индикатори за утврдување на сложеноста на судските предмети, констатираше престанок на судиската функција на Маринела Јакасановска од Основен граѓански суд Скопје поради исполнување на условите за старосна пензија, донесе одлуки за престанок на мандатот на судии поротници во основните судови во Берово и во Струга, а избра петмина нови судии – поротници во Основниот суд во Берово.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шахпаска – Дервишагич: Интензивно работиме на јакнење на капацитетите на ромската заедница

Следно

Крадците не влегле во вилата на Новак Ѓоковиќ, го ограбиле домот на неговиот брат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian